Карантин-мерките во Холандија најмалку до март

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте синоќа нагласи дека повеќето карантин-мерки што се во сила од октомври во државата ќе останат во сила со наредните недели поради стравувањата за нагло зголемување на морбидитетот како резултат на новите мутации на коронавирусот.

– Владата се уште размислува дали да продолжи и по следната недела со ограничено движење навечер, што предизвика немири во некои холандски градови, изјави премиерот за медиумите.

Кабинетот претходно објави дека од 8 февруари ќе се отворат основните училишта и градинки, со можност за отворање на средните училишта, но тоа нема да се случи пред март.

– Неизбежно е затворањето да се продолжи целосно до најмалку 2 март, нагласи Руте, и покрај намалената инциденца во Холандија.

– Трет бран неизбежно доаѓа кај нас, рече тој, потсетувајќи на новите варијанти на вирусот кои се позаразни.

Во Холандија постои строга блокада од средината на декември, а минатиот месец, за првпат по Втората светска војна, беше воведен полициски час, предизвикувајќи немири.

Националниот институт за здравство вчера објави дека во изминатата недела имало 28.628 случаи на инфекција со коронавирусот и тоа е за 20 проценти помалку од претходната недела и е најниска инциденца од октомври, кога стапија на сила ограничувањата.

Сепак, падот оваа недела „ќе беше уште поголем да не беа новите варијанти на вирусот што влегоа во Холандија, особено британската варијанта“, соопшти институтот.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи