Капетанот на потонатиот јужнокорејски ферибот осуден на 36 години затвор

Од:

Капетанот на јужнокорејски ферибот „Севол“, што потона во април годинава, при што загинаа или исчезнаа 304 патници, беше осуден на 36 години затвор за небрежност, што довела до смрт на многу луѓе.

Обвинителството на Јужна Кореја бараше смртна казна за капетанот на траектот Ле Јонг-сеог (69) поради несреќата во која во април годинава загинаа над 300 лица, во најголем дел ученици.

Судот го осуди и главниот инженер на фериботот на 30 години затвор за убиство.

Владата на Република Кореја денеска објави дека ја прекинува потрагата по деветте жртви од потонатиот на 16 април ферибот, кои се водат за исчезнати.

На траектот „Севол“ се наоѓале 476 патници и членови на екипаж за време на несреќата на 16 април годинава. Само 174 лица се спасени во несреќата. Капетанот и поголем дел од екипажот биле меѓу првите што се евакуирале.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски