Јужнокорејскиот државен обвинител побара смртна пресуда за капетанот на фериботот што потона во април годинава при што загинаа и исчезнаа повеќе од 300 луѓе, во најголем дел ученици.
За тројца други членови на екипажот е побарана доживотна казна затвор.
Фериботот со кој управувал капетанот Ли Јонг-сеог (68) потона на 16 април годинава во близина на југозападното крајбрежје на Јужна Кореја. Досега се пронајдени 187 тела на загинати патници, а над 115 сè уште се водат како исчезнати.
За време на несреќата на фериботот имало вкупно 476 лица, во најголем дел деца од средно училиште.