Канада по првпат го одбележа Националниот ден на вистината и помирувањето

Од:

Канада денеска го одбележа својот прв Национален ден на вистината и помирувањето во спомен на изгубените деца и преживеани во интернатите, по грозоморното откритие на околу 1.200 необележани гробови на три места каде што домородните деца беа принудени да посетуваат училиште.

Поради т.н резиденцијален училишен систем, кој беше во сила од 1831 до 1996 година, околу 150.000 деца од Индијанци, Метиси и Инуити беа одземени од нивните семејства низ Канада.

Некои од нив претрпеле злоупотреба, силување и неисхранетост. Комисијата за вистина и помирување во 2015 година ова го оквалификува како „културен геноцид“. Училиштата биле под јурисдикција на владата и христијанските цркви, главно католички, а целта била да се асимилираат домородните деца.

Денес, искуствата во овие училишта се сметаат за причина за високата стапка на сиромаштија, алкохолизам, семејно насилство и самоубиство во домородните заедници во Канада.

Владата на премиерот Џастин Трудо прогласи нов државен празник во јуни во чест на децата на домородните заедници.

– Наследството од колонизацијата имаше катастрофален ефект врз староседелците, вклучувајќи го и губењето на јазикот, културата и наследството, рече генералната гувернерка Мери Меј Симон, првата личност од домородната заедница која служе како претставник на кралицата Елизабета, поглаварката на Канада.

Кралицата испрати порака во која вели дека им се придружува на Канаѓаните во „размислувањето за болната историја што ја претрпеле домородните деца во станбените училишта во Канада и работата што е потребна за заздравување на раните и продолжувањето на изградбата на инклузивно општество“.

Премиерот Трудо рече дека на првиот Национален ден на вистината и помирувањето треба да се земат предвид трајните последици од интернатите. „Се сеќаваме на децата што никогаш не се вратија дома“, рече Трудо, пренесува Хина.

По откривањето на гробовите на децата, неколку градови ги откажаа прославите на 1 јули по повод Националниот ден на Канада, а знамињата се веат на половина копја на владините згради уште од 30 мај.

Католичките бискупи „недвосмислено“ се извинија за злоупотреби во канадските училишта управувани од црквите, основани од властите заради асимилација на домородните деца, наведувајќи дека тие „го признаваат страдањето што го доживеале“ домородните деца и „тешката злоупотреба“ на која биле подложени, вклучително и „физичка, психолошка, емоционална, духовна, културна и сексуална“ злоупотреба од страна на директорите и наставниците.

Водачите на домородната заедница рекоа дека извинувањето на Црквата е добредојдено, но дека би имало повеќе смисла тоа да дојде од самиот папа. Делегација на канадски домородни заедници треба да отпатува за Ватикан во декември за да се сретне со папата Франциск.

Би можело да ве интересира

Канада воведе задолжителна вакцинација за пратениците

Ана Ололовска

500 родители против една наставничка: Причината е бизарна

Канада воведува задолжителни вакцини за федералните службеници и за превоз

Ана Ололовска

Спасени сите заглавени рудари од рудникот во Канада

А1он

Спасени 33 од заробените 39 рудари во рудникот во Канада

А1он

Маж во Канада претепал медицинска сестра откако ја вакцинирала неговата сопруга

Ана Ололовска