Канада ќе донира 23 милиони евра помош за Украина

Од:

Канада ќе придонесе со 23 милиони евра во партнерството предводено од Британија, чија цел е купување опрема за противвоздушна одбрана за Украина за да и помогне да се одбрани од руски ракетни и напади со беспилотни летала, изјави денеска канадскиот министер за одбрана Бил Блер.

Блер објави дека оваа сума е дел од воената помош за Киев во вкупна вредност од околу 469 милиони евра што канадскиот премиер Џастин Трудо ја објави во јуни, пренесува Ројтерс.

Партнерството за помош, кое ги вклучува и САД, Холандија и Данска, има за цел да купи стотици проектили за системи за противвоздушна одбрана со краток и среден дострел.

Од почетокот на војната во Украина, Канада донираше повеќе од осум милијарди канадски долари помош, вклучително и околу 1,8 милијарди канадски долари воена помош.

Би можело да ве интересира

Украина: Русите вчера загубија стотици војници

Украина: Досега уништивме 5.000 руски беспилотни летала

Пукна нафтовод во западна Украина, избувна голем пожар

Горан Наумовски

Медведев: Нема да застанеме додека не ги ослободиме старите руски земји

Русија регрутира сиромашни Кубанци да се борат во Украина

Горан Наумовски

Киев: Западот мора да ни каже колку долго ќе трае поддршката