Канада го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг

Од:

Канада го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг откако во земјата беше воведен закон за национална безбедност од страна на Кина, изјави денеска канадскиот министер за надворешни работи Франсоа-Филип Шампањ.

Тој нагласи дека Отава нема да дозволи извоз на чувствителна воена опрема во Хонг Конг, каде живеат околу 300.000 Канаѓани.

Новиот закон, усвоен од кинескиот Парламент во вторникот, предвидува формирање канцеларија за национална безбедност во Хонг Конг, чија цел е сузбивање на субверзивни, сецесионистички и терористички активности, како и странска интервенција во внатрешните работи на градот.

Според новиот закон секој што ќе биде прогласен за виновен може да биде осуден на повеќегодишна или доживотна казна затвор, како и да биде екстрадиран во Кина на судење.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада