Канада го финализираше договорот за купување на 88 американски борбени авиони Ф-35

Од:

Канада денеска го финализираше договорот со корпорацијата „Локхид Мартин“ и американската Влада за купување 88 борбени авиони Ф-35, јавија светските медиуми, повикувајќи се на владини претставници.

Првите четири авиони се очекува да бидат испорачани во 2026 година, а целосниот оперативен капацитет на флотата се очекува да биде постигнат помеѓу 2032-2034 година.

Владата буџетираше околу 19 милијарди канадски долари (15 милијарди американски долари) за борбените авиони, што е најголемата инвестиција во Кралските канадски воздухопловни сили во повеќе од 30 години.

Секој авион чини околу 85 милиони американски долари, а целосниот оперативен циклус на програмата се очекува да чини 70 милијарди канадски долари (52 милијарди американски долари).

Во однос на одбраната, Канада има директна соработка со САД, што вклучува заедничка употреба на борбени авиони за заштита на северноамериканскиот воздушен простор.

Најавата за купување на ловците беше објавена во позадина на претстојниот самит на северноамериканските лидери во Мексико Сити. На него ќе учествуваат канадскиот премиер Џастин Трудо, американскиот претседател Џо Бајден и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба