Камион влета во ожалостени луѓе пред крематориум во Кина, 17 загинати

Од:

Камион удри во група ожалостени кои чекаа пред крематориум во југоисточна Кина, при што загинаа 17, а беа повредени 22, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Несреќата се случила нешто по полноќ (16:00 часот по Гринич) во селото Таолинг, на околу триесетина километри југоисточно од градот Нанчанг во провинцијата Џиангкси.

Новинската агенција ги цитираше жителите дека ожалостените чекале пред преполниот крематориум. Тие наводно оставиле свеќи и храна покрај патот, вообичаен ритуал за покојникот, додека следниот ден чекале да пристапат до крематориумот.

Причината за несреќата се истражува, јави Ксинхуа. Многу од жртвите биле од Таолинг.

Во извештаите на локалните медиуми не се споменува дали крематориумот бил особено зафатен поради огромниот бран на инфекции што ја зафати Кина.

По речиси три години заклучување, масовно тестирање и задолжителни карантини, Кина се откажа од својата строга политика со нулта стапка на Ковид-19 на 7 декември.

Оттогаш, најнаселената земја во светот бележи брз пораст на бројот на инфекции, особено кај постарите лица и оние кои страдаат од хронични заболувања.

Болниците се преполни, крематориумите работат континуирано. Според проценките, досега загинале десетици илјади луѓе. Пекинг престана да објавува бројки на заразени лица.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија