Камерун: Француски дописник осуден на 10-годишна затворска казна

Од:

Камерунскиот воен суд го осуди дописник на Меѓународното радио на Франција „Хауса“ Ахмед Абу на 10 години затвор и казна од 90.000 долари, бидејќи не пријавил „терористички дела и перење пари од терористички дела“.

Абу е упасен во северниот дел на Камерун во јули 2015 години, додека ја истражувал екстремистичката организација Боко харам.

Тој го негираше обвинението дека бил сооучесник.

Организацијата „Амнести интернешнал“ соопшти дека Абу бил во изолација три месеци, каде е измачуван, и пресудата ја нарече „исмејување на правдата“, по судењето.

Адвокатот на Абу најави жалба.

Властите во Камерун од 2014 години уапсија повеќе од 1.000 лица поради наводна поддршка за припадниците на Боко харам.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден