Калин: Путин има две категории барања за прекин на војната

Од:

Советникот на турскиот претседател Ибрахим Калин за Би-би-си изјави дека при телефонскиот разговор турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган бил информиран од неговиот руски колега Владимир Путин за барањата на Москва за завршување на инвазијата врз Украина.

– Руските барања спаѓаат во две категории. Првите четири барања за Украина не се премногу тешки за исполнување, истакна Калин.

Главно барање е Украина да биде неутрална и да не поднесе барање за влез во НАТО.

Потоа, Украина да помине низ процес на разоружување за да се осигури дека не претставува закана за Русија. Трето барање е заштита на рускиот јазик во Украина, а четврто тоа што Русите го нарекуваат денацификација.

– Втората категорија барања, како што истакна Калин, можно е да наиде на проблеми. Путин во телефонски разговор со Ердоган навел дека ќе бидат потребни директни преговори меѓу него и претседателот Зеленски пред да се постигне договор за тие точки.

Зеленски веќе изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател и да преговара со него.

Калин без да наведе детали истакна дека во втората категорија барања се за статусот на Донбас, како и прашањето за Крим, кој е анектиран од Русија во 2014 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор