Калифорнија: Новите ветрови се закануваат да ги прошират пожарите

Од:

Пожарникарите во јужна Калифорнија се подготвуваат за уште еден бран силен ветер од пустината Санта Ана, откако вчера, кога дувал послаб ветар, на некои делови успеале да се справат со пожарот поради кој се евакуирани илјадници жители на Лос Анџелес во близина на музејот „Гети центар“.

Градските истражители за пожар соопштија дека пожарот во Гети најверојатно бил предизвикан од скршена гранка на дрво, која ветерот ја донел до далекуводи.

Електрична енергија се уште е исклучена поради претпазливост во околу половина милион домови и продавници во централна и северна Калифорнија.

Националната служба за временска прогноза и невреме соопшти дека има критична или екстремна опасност од пожар за повеќе од 88.000 квадратни километри и за 21 милиони луѓе во Калифорнија.

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом во понеделникот прогласи вонредна состојба во оваа американска држава, затоа што пожарите и екстремните временски услови принудија речиси 200.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви

ВИДЕО: 14-годишник во Калифорнија си ги убил родителите, измислил дека ги нападнале провалници