Каква е судбината на Ердоган на изборите?

Од:

Спротивно на очекувањата, претседателот Реџеп Таип Ердоган најави одржување на избори за 14 мај, 35 дена пред предвиденото. Тоа изненади многумина, па и неговите следбеници, бидејќи досега упорно одбиваше да разговара за барањето на опозицијата порано да излезе на избори.

И овој потег потврдува дека Ердоган се соочи со голем тест и дека се бори за секој глас. Граѓаните ќе излезат на гласање на истиот датум кога се одржаа првите повеќепартиски избори во 1950 година, на кои победи радикалниот исламист Аднан Мендерес. Десет години подоцна, по воен удар, тој заврши на бесилка. Во меѓувреме, претседателот Ердоган го рехабилитираше. Со ваквиот потег, турскиот претседател очигледно смета на привлекување конзервативни гласачи кои се уште страдаат од „славното“ минато. Тој тоа не го крие.

„Нашите граѓани ќе го дадат својот одговор на опозицијата исто како и пред 73 години. Ќе кажат „доста“ на оние што го поддржаа тој пуч (против Мендерес)“, објаснува Ердоган, кој според многу анкети „го тресе столчето“ поради неговиот ненадеен потег.

Претседателот веќе се кандидираше за шеф на државата како претставник на владејачката коалиција (Партија за правда и развој и Партијата на националистичкото движење), додека опозицијата се уште мери кој ќе биде нејзиниот избор. Но, успех е и тоа што лидерите на шесте опозициски партии не еднаш се сретнаа на иста маса, што претходно беше незамисливо. Тие се договорија дека, доколку ја освојат власта, ќе го променат Уставот и ќе го вратат парламентарниот систем на владеење, кој Ердоган го укина за да ја има целата власт во свои раце. По воведувањето на претседателскиот систем, тој ја укина премиерската функција, поставува министри по своја дискреција.

„Ваков систем на владеење би направил диктатор од секој политичар“, упорно предупредуваат од опозицијата, чиј собир е успешен бидејќи се работи за шест претежно помали партии, кои имаат различни програми: од социјалдемократи, преку конзервативци, па сè до на радикалните исламисти. Ако „шестката на иста маса“, како што ги нарекуваат локалните новинари, заедно ги чекаат изборите, тоа ќе биде голем успех. Само третата најсилна партија во парламентот – Демократската партија на народите, која многумина ја обвинуваат за поддршка на „курдските терористи“ – остана на маргините.

Популарниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој го победи кандидатот на Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган на локалните избори во 2019 година, најчесто се споменува како можен кандидат на опозицијата.

„Само Господ знае“, рече тој неодамна кога новинарите го прашаа дали ќе биде новиот претседател.

Како кандидати се споменуваат поранешниот премиер Ахмет Давутоглу, како и поранешниот министер за финансии Али Бабаџан, кои оттогаш му свртеа грб на Ердоган и основаа свои партии кои ќе му одземат голем број гласови. Како што откриваат тамошните медиуми, овие амбиции не ги крие ниту Кемал Киличдароглу, претседателот на водечката опозициска Републиканска народна партија (чиј член е и градоначалник на Истанбул), иако претрпе неколку порази од Ердоган. На ова, пак, се спротивставуваат одредени лидери на опозициските партии, што може да доведе до раскол во „шесторката“.

Опозицијата овој пат може најмногу да му помогне на Ердоган – доколку тој не застане зад заедничкиот претседателски кандидат, оценува кредибилниот „Џумхуриет“. Анкетите потврдуваат дека граѓаните не се задоволни од владеењето на Ердоган, бидејќи Турција неодамна се соочи со најтешката економска криза во овој век: годишната стапка на инфлација е меѓу 70 и 80 отсто, курсот на лирата вртоглаво опаѓа, а невработеноста расте. Последните анкети покажуваат дека мнозинството граѓани нема да гласаат за Ердоган. Но, судејќи според искуството од минатото, анкетите на јавното мислење во Турција секогаш треба да се земаат со резерва, бидејќи понекогаш се наместени за да ги збунат гласачите.

Едно е сигурно: владејачката АКП ќе се соочи со најголемиот предизвик откако е основана пред две децении. Искусниот Ердоган е свесен за ова. Тој веќе ја зголеми минималната плата на 8.500 лири (околу 450 долари). Од ова ќе имаат корист 30 проценти од вработените кои сега едвај врзуваат крај со крај. Покачени се редовните плати и пензиите за 25 отсто, намалена е старосната граница за пензионирање. За да ја ублажи економската криза, владата сега се обидува да постигне договор со Дамаск за конечно да се ослободи од трите милиони бегалци од Сирија кои досега ја чинеа Анкара десетици милијарди долари.

Ердоган (68) е свесен дека се соочил со голем тест, но не крева раце. „Не заборавајте дека сум долгогодишен играч“, им вели тој на своите ривали, кои би сакале да го видат неговиот грб што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа

Ердоган: Замижуваат пред масакрите, западните земји паднаа на тестот во Газа, го изгубија кредибилитетот

А1он