Како Израел регрутира шпиони во Газа?

Од:

Ал Џазира

Израелските власти не престануваат да измислуваат различни начини и да ја искористат тешката хуманитарна ситуација во која живеат Палестинците во Појасот Газа за да ги примат во нечисти игри и да ги направат свои информатори со постојани напори да добијат информации за активностите на силите на отпорот.

Од друга страна, безбедносните служби и воените крила на палестинските фракции во појасот Газа работат на отстранување на какви било обиди од страна на израелските разузнавачки агенции, прогонувајќи агенти и шпиони и покренување кампања„покајување“ во пократки временски интервали.

Ал Џезира зборуваше со висок безбедносен извор во Појасот Газа, кој накратко го презентираше судирот во безбедноста меѓу отпорот и окупациските сили, како и новите методи кои Израел ги користи за да регрутира шпиони.

Тој вели дека израелските разузнавачки служби користат различни методи за регрутирање на Палестинците во Појасот Газа. Тие методи им се познати на палестинските безбедносни служби кои работат со сите свои расположливи капацитети за да ги сузбијат со цел заштита на палестинскиот отпор и внатрешниот фронт.

Овој бебзедносен извор кој побара да остане анонимен, додава дека Израел ги користи социјалните мрежи во своите најнови методи за регрутирање, како што е страницата „Координатор” (COGAT) кое ги координира активностите помеѓу израелската влада и палестинските територии и официјалните сајтови на офицери на израелски разузнавачки службеници, како што се Каптан Каис и Каппан Муфид и други.

Изворот додаде дека некои граѓани комуницираат со овие сајтови преку приватна порака со барање тие да добијат работни дозволи, дозволи за транзит преку израелските контролни пунктови или дозволи за лекување како и други хуманитарни прашања.

Тој истакнува дека израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет (Shabak) ги води тие сајтови и злоупотребува хуманитарни потреби на Палестинците, со цел да ги наведе за да комуницираат со нив.

На почетокот администраторите на тие сајтови се во потрага по некои едноставни информации од лицето кое им се јавило во замена за исполнување на нивните барања, рече тој. Објаснува дека целната личност не може да биде свесна за комуникација со офицер на Шин Бет, верувајќи дека „бараните информации не претставуваат никаква опасност за никого, и затоа им ги обезбедува за да реши свои итни хуманитарни потреби”.

Информациите подоцна стануваат средство за изнуда. Офицерите на Шин Бет му се закануваат на лицето дека ќе откријат дека работи со нив, ако не продолжи да работи за нивни интереси. Изворот вели дека во вакви случаи луѓето се потклекнуваат под израелските закани.
Во изминатите неколку месеци, Шин Бет исто така почна да ги користи сајтовите на хуманитарни организации преку кои тој доаѓа во контакт со сиромашните семејства, наводно, им нуди помош. На овој начин, службениците во разузнавачката служба им нудат помош на луѓето кои комуницираат со нив.

Кога овие луѓе ќе добијат помош, разузнавачката служба повторно ќе ги контактира со барање на некои наједноставни информации, што им дава право за повторно да добијат помош, појаснува безбедносниот извор.

Нивната цел сега смета дека комуницира со хуманитарна организација и дава барани информации, но на крајот открива дека зад сето тоа стои израелски разузнавач. Во таа фаза веќе добива закани дека целиот случај ќе биде откриен ако не продолжи да соработува.

Една од методите за врбување агенти е директна комуникација со некои членови кои имаат екстремистички идеи. Таквите лица се сметаат за лесна цел за окупаторските служби.

Овој извор за безбедност укажува дека окупаторските власти се соочуваат со големи тешкотии во регрутирањето нови агенти поради интензивното безбедносно прогонување што се спроведува.

Во контекст на активностите кои се преземаат од страна на официјалните палестински институции и граѓани да го решат проблемот за соработка со окупаторските сили меѓу Палестинците во Појасот Газа, важно е да се спомене и кампања од страна на палестинските активисти и експерти за прашањата на кибер безбедноста со наслов „Khalek Sahy (останете смирени) чија цел е подигнување на свеста кај членовите на палестинската заедница.

Мохамед Абу Хербед, еден од иницијаторите на кампањата, за Ал Џезира изјави дека задача на „кампањата е да давање информации за да се подигне свеста и интензивни безбедносни совети што ќе им помогнат на Палестинците да се спротистават на обидите на Израел да регрутираат агенти. Исто така, ќе биде организирана и посета на истакнати граѓани и писатели да придонесат за подигнување на свеста за безбедност во заедницата. ”

Тој истакна дека активноста на кампања Khalik Sahi се спроведува преку локалните радио станици и социјалните медиуми кои станаа главен извор на информации за Палестинците.

Абу Хербед верува дека израелските разузнавачки служби се соочуваат со големи тешкотии во регрутирањето нови агенти во појасот Газа поради безбедносно прогонување агенти и борба што ја водат палестинските официјални служби и неформални тела против таа појава.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски