Кафуле во Австрија служи само невакцинирани гости

Од:

Во едно кафуле во местото Стробл, во Австрија, сопствениците ги услужуваат само гостите кои не примиле вакцина против Ковид 19.

Сопственичката на кафулето не сака да даде одговор за мотивите на оваа одлука.

Иако не е одушевен од ваквата одлука, градоначалникот на Стробл, Јозеф Веикингер вели дека ваквата постапка не е противзаконска и истакнува дека одлуката на сопственичката само ќе влијае на тоа гостите да не доаѓаат во кафулето.

Професорката по филозофија на право на Универзитеот во Салцбург, Силвија Траунвизер вели дека овој случај е само уште една потврда за оддалечувањето на луѓето од класичниот општествен политички и здравствен систем.

„Сметам дека пандемијата го разедини општеството, но не единствено тоа. Таа влегува и во многу други пори на општествениот живот, па така на пример може да предизвика судири меѓу вработените во претпријатијата или во семејствата, а доведува и до крај на пријателства“, вели таа.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче