Кадиров повика: Да се обединиме против заедничкиот непријател

Од:

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров на Телеграм ги повика муслиманите од целиот свет да се обединат против НАТО.

„Во последните 100 години, Соединетите Американски Држави и Европа организираа десетици војни, воени удари и инвазии. Милиони цивили беа нивни жртви. Меѓутоа, во овој момент тие организираат уште пострашни закани, уништувајќи ги целите морални вредности формирани од народите на сите земји за време на постоењето на човештвото. Го повикуваме целиот исламски свет, сите разумни луѓе да се обединат против нашиот заеднички непријател“, напиша Кадиров.

Според него, Северноатлантската алијанса му се заканува на целиот свет.

„Меѓутоа, Русија противречи на сите западни прогнози, му пркоси на ова зло и самоуверено се движи кон победата. Не дозволувајте НАТО да ви дава наредби, бидејќи тие наскоро ќе дојдат и ќе ја згазат вашата татковина. Бидете обединети на истиот фронт со вашите браќа“, додаде чеченскиот лидер.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин