Кадиров и се закани на Полска: Што ако продолжиме со денацификацијата во следната земја?

Од:

Чеченскиот водач Рамзан Кадиров, чии војници се борат на руската страна во војната против Украина, рече дека војната ќе заврши до крајот на годината, со победа на руските сили. Кадиров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, претходно ги критикуваше руските команданти и одредени аспекти од воената кампања на Кремљ во Украина, но директно не се изјасни против Путин.

Сепак, и покрај тоа што со месеци даваше песимистички оценки за воената моќ на Русија, Кадиров рече дека Русија ќе победи во војната, која ќе заврши „до крајот на годината“. Тој е убеден дека европските земји ќе ја „препознаат погрешноста на нивните постапки“ по завршувањето на војната, пренесува Newsweek.

„Западот ќе попушти, а европските држави, како и обично, ќе мора да соработуваат во сите области со Руската Федерација. Друг начин нема да има и не смее да има“, додаде тој. Чеченскиот лидер ги даде овие коментари за време на интервјуто со чеченскиот министер Ахмед Дудаев, објавено на Телеграм.

Кадиров и се закани на Полска поради нејзината поддршка за Киев. Во вчерашната објава на својот канал Телеграм, тој напиша дека Варшава ги исцрпила сопствените воени ресурси. Тој се запраша што ако Русија, по победата над Украинците, „почна да ја денацизира и демилитаризира следната земја“.

На почетокот на инвазијата, Кремљ како едно од оправдувањата за војната во Украина ја наведе „деназификацијата“ на таа земја, што меѓународната заедница едногласно го отфрли. Кадиров напиша дека „борбата против сатанизмот треба да продолжи низ цела Европа, пред се на територијата на Полска“.

Кадиров и неговите команданти редовно го опишуваат конфликтот во Украина како „света војна“ против „сатанските“ вредности на Западот, став што понекогаш се промовира на руската државна телевизија.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија