Каде лежи моќта на исламистите: Во фанатизмот или во две милијарди долари?

Од:

Медиумите и аналитичарите од Западна Европа сметаат дека војната која што ја водат САД против Ирак и Сирија, ќе биде долга и неизвесна.

-Покрај исламскиот фанатизам и „идеологија за смрт“ до која строго се придржуваат, тие имаат и значајна финансиска моќ од 2 милијарди долари, која мора да се уништи-вели Џампјеро Масоло, шеф на италијанските разузнавачи.

Терористите во Ирак имаат помош од сунитите, кои се незадоволни од работата на багдадската влада, која е наклонета кон шиитите. Во нивните редови се дури и офицери на некогашниот режим на Садам Хусеин.

Масоло стравува дека поразите во војната ќе предизвикаат реакција кај исламистите во вид на терористички напади на Италија и други западни држави.

– Ал Багдади сака џихадистите од светот да ги привлече со окупација на територии и на насилен начин да искаже власт над исламот – додава Масоло и истакнува дека моментало едно од најдобри решенија е да се изврши удар врз финансиската моќ на терористите.

Тој тврди дека исламистите ограбиле 500 милиони долари од банки во Ирак, покрај годишниот приход од 100.000 долари, благодарение на илегалниот извоз на нафта.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад