Качински одбива одложување на претседателските избоир во Полска заради епидемијата од коронавирусот

Од:

Претседатот на полската владеачка партијата на Правото и правдата, Јарослав Качински, денеска изјави дека, без разлика на сите рестриктивни мерки заради пандемијата на коорнавирусот, претседателските избори во земјата ќе се одржат на 10 мај, и дека не гледа никаков повод во земјата да се прогласи ни најнизок степен на вонредна состојба што ќе го овозможи одложувањето на изборите.

– Изборите можат да се одложат, но за тоа мора да постои уставен повод. Уверен сум дека во овој момент нема никакви поводи да се воведе состојба на елементарна непогода, што значи најслабата од тие вонредни состојби, а само тогаш можат да се откажат изборите. Треба да ги имаме предвид и уставните ограничувања. Тоа не е само така ние да кажеме – гим одложуваме изборите бидејќи сметаме дека треба тоа да го направиме, рече Качински во интервју за полското радио РМФ ФМ.

Полската опозиција многу гласно од владеачките полски конзервативци побара одложување на изборите, отккао беа воведени реструктивните мерки во обидот да се сузбие ширењето на Ковид-19, од кој досега починаа пет лица, а кај 493 е утврдена зараза.

– Изборте не можат да се одржат во мај заради безбедноста на луѓето. Денеска во Полска всушност имаме состојба на криза заради елементарната непогода, а само премиерот не ја гледа и тоа од политички причини, изјави лидерот на најсилната опозициска партија -либералната Граѓанска платформа, Борис Будка.

„Одложување на изборите, кога кандидатите не можат да ја водат вообичаената кампања, а единствениот кој го има постојано вниманието на медиумите е кандидатот на владеачката партија, сегашниот претседател Анджеј Дуда, бараат и 70 отсто од Полјаците, покажува анкетата на полскиот таблоид „Супер Експрес“.

Дека не постојат услови во мај да се одржат избори во земјата која се уште ја проживува епидемијата од коронавирусот предупредува и долгогодишниот полски премиер и доскорешен претседател на Европскиот совет, а сега шеф на Европската народна партија Доналд Туск.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба