Кац: Враќањето на заложниците е најважната цел на израелската операција во Појасот Газа

Од:

Новиот израелски министер за одбрана Израел Кац изјави дека, по израелските воздушни напади врз иранските системи за противвоздушна одбрана, иранските нуклеарни постројки се „поранливи од кога било“.

„Иран денес е повеќе од кога било изложен на заканата од уништување на неговите нуклеарни постројки. Постои можност да ја постигнеме најважната цел – да ја спречиме и отстраниме заканата од уништување што виси над државата Израел“, рече Кац за време на првата средба со членовите на Генералштабот на израелската армија (ИДФ).

Зборувајќи за Либан, Кац рече дека нема да има примирје и одмор за Хезболах „додека не се постигнат целите на војната“ и посочи дека враќањето на заложниците е најважната цел на израелската операција во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху им порача на Иранците: Еден ден вашата земја ќе биде слободна

Израел се подготвува за нов напад во Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израелската армија уништи 80 отсто од остатоците од сириската армија

Горан Наумовски

„Кој оди по стапките на Асад, ќе заврши како него“

А1он

Најмалку 19 Палестинци загинаа во израелските напади низ Појасот Газа

Израелските тенкови се на 20 километри од Дамаск