Кац ги повика Палестинците на директни преговори

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац ги повика Палестинците да се „вратат на директните преговори без предуслови“ и апелираше меѓународната заедница да преземе чекори да го „запре Иран денес и да се спречи војна утре“.

Кац тоа го изјави на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде што го претставува Израел наместо претседателот Бенјамин Нетанјаху, кој го откажа учеството поради политичкиот „ќор-сокак“ во коалициските преговори по парламентарните избори на 17 септември.

Во својот говор Кац ги повика ОН да ги прогласат либански Хезболах и иранската Револуционерна гарда за терористички организации, пренесоа израелските медиуми.

Тој исто така апелираше поголем број земји да го признаат Ерусалим како главен град на Израел и да ја стопираат помошта за Појасот Газа додека Хамас не ги врати двајцата израелски цивили и телата на двајца израелски војници.

– Израел има јасна политика да ги унапреди врските со земјите од Заливот. Немаме конфликт со земјите од Заливот и имаме заеднички интерес на полето на безбедноста против иранската закана, рече синоќа израелскиот министер.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас претходно предупреди дека палестинската управа ќе ги поништи сите договори со Израел ако се оствари „илегалниот план“ на Нетанјаху за анексија на долината Јордан и северниот дел на Мртво море.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск