Јужнокорејските власти ги повикаа синдикатите да ги откажат протестите заради коронавирусот

Од:

Јужнокорејските власти ги повикаа синдикатите да ги откажат денешните протести, бидејќи земјата се бори со третиот бран од епидемијата и предупредија дека секое кршење на мерките за дистанцирање ќе биде казнето.

Корејската конфедерација на синдикати соопшти дека 200.000 нејзини членови ќе почнат штрајк, но дека протестите во Сеул ќе бидат ограничени на девет лица, бидејќи во градот се забранети јавни собири на десет или повеќе лица, пренесуваат британските медиуми.

Но, во градот Чангвон, на југоистокот од земјата протестираа триесетици членови на синдикатот бидејќи таму не се во сила мерките за дистанцирање.

Портпаролот на Министерството за здравство предупреди дека се уште постои голем ризик од инфекции за време на состаноците и движењата пред и по протестите. Тој истакна дека е важно да се обезбеди слобода на собирање, но дека усогласеноста со правилата за заштита на човечките животи има приоритет во контекст на брзото ширење на коронавирусот.

Во Јужна Кореја, дневниот раст на бројот на нови случаи минатата недела беше околу 300, поради што властите повторно воведоа мерки за дистанцирање во Сеул и околните области.

Синдикатите во земјата организираат протести во врска со одредбите на законот што ќе им забрани на работниците да заземаат одредени објекти на работното место за време на штрајк.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски