Јужнокорејскиот претседател на средба со Бајден во Белата куќа

Од:

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин е вториот светски лидер и воедно втор Азиец што денеска ќе го пречека претседателот Џо Бајден во Белата куќа, што е знак на поддршката на Вашингтон за регионот во напорите да се спротивстави на кинеското влијание.

Покрај за долгогодишното нуклеарно прашање на Северна Кореја, сојузниците ќе разговараат за регионалната безбедност, соработката во високотехнолошките индустрии, напорите за борба против пандемијата на коронавирусот и начините за зајакнување на акциите за климатските промени.

Како што пренесуваат странските агенции, Мун, во однос на пандемијата на коронавирусот, се надева дека ќе обезбеди договор со Вашингтон за набавка на вакцини против Ковид-19, додека администрацијата на Бајден ќе побара засилени климатски обврски од Сеул.

Белата куќа соопшти дека Мун и Бајден ќе разговараат за тоа како Соединетите Американски Држави можат да ја поддржат борбата на Сеул против Ковид-19 и начините за заедничко зајакнување на глобалното производство на вакцини.

Вашингтон исто така сака да добие директна изјава од претседателот на Јужна Кореја за се понаметливото однесување на Кина во регионот.

Првиот странски лидер што го посети Вашингтон беше јапонскиот премиер Јошихиде Суга, кога Бајден исто така се обиде да претстави единствен фронт кон Пекинг.

Но, според агенциите, Сеул е претпазлив да не ја налути Кина, својот најголем трговски партнер.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија