Јужнокорејски дипломат тврди дека Ким Џонг-ун е во кома и дека власта ја презела неговата сестра

Од:

Јужнокорејскиот дипломат Чанг Сонг-мин тврди дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во кома и дека неговата сестра ја презела контролата врз Северна Кореја, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“.

Поранешниот помошник на починатиот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг, тврди дека Северна Кореја ја крие вистината за влошената здравствена состојба на нејзиниот лидер и вели дека, колку што тој сфаќа, севернокорејскиот лидер е во кома.

Чанг за локалните медиуми изјави дека сестрата на Ким, Ким Jo-џонг е во позиција да преземе некои од овластувањата на нејзиниот брат.

Чанг Сонг-мин ова го тврди иако севернокорејските медиуми објавија фотографии во кои се докажува дека Ким во четвртокот присуствувал на состанок на владата.

Шпекулациите за здравствената состојба на Ким се зголемуваат поради отсуството на негови јавни настапи во текот на оваа година, пренесува „Дејли меил“.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море