Јужна Кореја: Северна Кореја лансираше нови ракети

Од:

Северна Кореја денеска лансираше две балистички ракети со краток дострел од аеродром во близина на Пјонгјанг, соопшти јужнокорејската војска, што би можело да биде четврти тест на оружје овој месец.

Јапонската влада, исто така, го потврди лансирањето, кое секретарот на владата го осуди како закана за регионалниот мир и безбедност. Ова го потврди и портпаролот на јапонската крајбрежна стража, но немаше детали за рутата.

Во петокот Северна Кореја истрела две наведувани тактички проектили. Таа направи уште два теста на 5 и 11 јануари, најавувајќи ги како хиперсонични ракети.

Како одговор на серијата нови тестови, САД минатата недела објавија нови санкции, кои Пјонгјанг ги опиша како „провокација“, тврдејќи дека Северна Кореја има „легитимно право“ на самоодбрана.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он