Јужна Кореја: Самолекување ако имате полесни симптоми на ковид

Од:

Јужна Кореја денеска објави дека пациентите со благи симптоми на коронавирус ќе мора да се лекуваат сами за да се ослободат медицински ресурси за посериозни случаи.

Јужнокорејските власти од денеска ќе обезбедуваат нега само на пациенти постари од 60 години или оние со некои истовремени заболувања, додека други ќе мора сами да ја следат нивната состојба и да побараат лекарска помош од одредени клиники доколку состојбата им се влоши.

Медицинските комплети кои вклучуваат мерач на кислород во крвта, термометар и лек за температура, кои претходно беа достапни за сите пациенти кои се лекуваа дома, сега ќе се делат само на приоритетните групи. Тоа значи дека пациентите со благи симптоми или асимптоматските сега ќе мора да го купуваат на свој трошок.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски