Јужна Кореја планира да воспостави постојана делегација во НАТО во Брисел

Од:

Јужнокорејските власти соопштија дека планираат да воспостават постојана делегација во НАТО во Брисел, во услови кога Сеул е посветен на зајакнување на партнерствата со алијансата и преземање поголема улога на глобалната сцена

Обраќајќи им се на новинарите за планираното присуство на претседателот Јун Сук-јол на самитот во Мадрид овој месец, советникот за национална безбедност Ким Сунг-хан рече дека Сеул ќе се обиде да ги зајакне односите со членките на НАТО поради „непредвидливата“ меѓународна ситуација.

Тој прецизираше дека, како дел од напорите, Јужна Кореја е во разговори со НАТО за размена на информации, комбинирани вежби и заеднички истражувања со цел да се спротивстави на новите безбедносни закани.

Јун, кој ја презеде претседателската функција во мај, вели дека неговата главна надворешнополитичка цел е да ја направи Јужна Кореја „глобално важна држава“ со фокус на промовирање на слободата, мирот и просперитетот врз основа на нејзините либерално-демократски вредности.

Иако на Самитот на НАТО во Мадрид од 29 до 30 јуни се очекува фокусот да биде на украинската криза, Јун планира да иницира зајакнување на меѓународната соработка против севернокорејската нуклеарна програма, наведуваат локалните меидуми.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски