Министерството за одбрана на Јужна Кореја денеска ги демантираше најавите на американскиот печат дека на претстојната годишна средба со врвот на Пентагон ќе биде потпишан договор за инсталирање на американски ракети од типот замја-воздух на територијата на Јужна Кореја.
Американските медиуми во врска со овие ракети ја навеуваа изјавата на јужнокорејанскиот амбасадор во Вашингтон, кој на брифинг по повод заедничките воени маневри рекол дека очекува зајакнување ба одбранбениот систем на неговата земја со ракети од типот „терминални, подвижни проектили’’.
Официјален Сеук соопшти дека планирал инсталирање на вакви ракети, но дека заканите од Северна Кореја со нови нуклеарни проби биле причина плановите да се одложат за 2.020 година. Овие ракети можат да погодат цели во воздухот на висина меѓу 40 и 150 километри, а технологијата за нивно производство сега се испитува и во Јужна Кореја.