Заедничките годишни воени маневри на армиите на Јужна Кореја и САД ќе се оддржат од 2. до 14. март, соопшти денеска во Сеул заедничката воена команда.
Маневрите, кои според официјалното соопштение, ќе имаат цел унапредување на одбранбената стратегија на Јужна Кореја, ќе се оддржат и покрај понудата на Северна Кореја тие да се откажат во замена за запирање на нуклеарните проби на Пјонгјанг.
На годинешниве заеднички маневри ќе учествуваат 10.000 припадници на армијата на Јужна Кореја и 8.600 американски војници, од кои 6.750 ќе дојдат од воените бази стационирани надвор од Јужна Кореја. Замислената цел ќе биде спречување на инвазија од Северна Кореја.
По објавувањето на веста за новите маневри, властите во Северна Кореја издадоа проглас во кој од армијата и жителите на државата се бара да ја подигнат воената готовност на највисоко ниво.