Јужна Кореја бара појаснување за ветувањето на Трамп за прекин на воените вежби

Од:

Изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека американската армија ќе ги прекине воените вежби со Јужна Кореја, предизвика недоразбирање во Сеул и портпаролот на јужнокорејскиот претседател побара објаснување за ова прашање.

Неколку часа по разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур, Трамп изјави дека воените вежби – насочени против Северна Кореја – ќе престанат. Тој додаде дека тие ги поттикнуваат тензиите и, ако престанат, „ќе се спасат огромни финансиски средства“.

Портпаролот на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин изјави дека е неопходно да се разјасни „значењето и целта“ на изјавата на Трамп.

Американскиот претседател изрази и подготвеност да ги повлече војниците на САД од Јужна Кореја, но рече дека „токму сега тоа не е дел од равенката“, затоа што тој и Ким се фокусирале на укинување на нуклеарното оружје и постигнување мир на Корејскиот Полуостров.

Американската Воена команда во Јужна Кореја соопшти дека не добила „никакви нови упатства“ за редовните воени вежби во регионот.

Би можело да ве интересира

Њујорчани од денеска добиваат по сто долари ако се вакцинираат

Жарко Настоски

ВИДЕО: Четири жени ограбиле аптека во Сан Франциско и побегнале со украдените производи

Ана Ололовска

Бајден наложи строги правила за вакцинација за федералните службеници

Ана Ололовска

Масовно посетен фестивалот Лолапалуза во Чикаго, експертите загрижени поради ширењето на вирусот

Ана Ололовска

Работата од дома во САД ќе го зголеми економското производство за 160 милијарди долари

Ана Ололовска

Пелоси го нарече Мекарти „морон“ поради критиките за заштитните маски

Ана Ололовска