Јужна Африка привремено ги затвори дипломатските мисии во Нигерија

Од:

Преторија привремено ги затвори своите дипломатски мисии во Нигерија по заканата за одмазда поради насилството во Јужна Африка.

– Кога добивме информации и закани од Нигеријците одлучивме привремено ја затвориме Амбасадата на Јужна Африка во Абуџа и Конзулатот во Лагос, изјави портпаролот на јужноафриканското Министерство за надворешни работи Лунга Нгкегелеле.

Претходно, Нигерија најави план за евакуација на своите државјани од Јужна Африка по бранот ксенофобични напади, што сигнализира влошување на дипломатските односи помеѓу двете африакнски држави.

Министерството за надворешни работи на Нигерија соопшти дека на комерцијалните авиокомпании им понудила авион и бесплатен превоз за евакуација на нигериските државјани кои сакаат да се вратат од Јужна Африка.

По ксенофобичното насилство последните денови во Јужна Африка, при што загинаа најмалку седум лица во Нигерија порасна бројот на апели за бојкот на големите јужноафрикански компании.

Нигерија и Јужна Африка се најголемите африкански економии. Нигерија има голема имигрантска заедница во Јужна Африка. Додека Јужна Африка во Нигерија е влезена во секторот на телекомуникации, енергетиката, хотелиерството и медиумите.

По бранот ксенофобични напади во Јужна Африка во вторникот група млади лица нападнаа компании и продавници во сопственост на Јужноафриканци во неколку нигериски градови.

Полицијата во Јужна Африка уапси над сто лица во пет области погодени од повеќедневното насилство во Јоханесбург и Преторија. Немирите почнаа во Преторија откако таксист беше убиен од локален дилер на дрога.

Стапката на невработеност во Јужна Африка е прилично висока, а населението често ги обвинува странските државјани дека им ја земаат работата. Тие исто така бараат на странците да не им биде дозволено да поседуваат продавници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски