Јункер во својот последен говор пред Европскиот парламент: Чувај се, Европо!

Од:

Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан-Клод Јункер предупреди дека Европа слабее демографски, економски и политички и дека мора да се бори против национализамот.

Во својот последен говор пред ЕП во својство на шеф на Европската комисија, Јункер рече дека најголем успех и најголемо достигнување на Европа е фактот дека мирот се одржува во Европа.

„Која е иднината на Европа? Ние сме најмалиот континент. Повеќето Европјани воопшто не го знаат тоа. Ние сме многу мали, како европски континент “, рече Јункер во вторникот.

Политиката, додаде тој, мора да се однесува на демографијата и географијата.

„Ние изумираме. Нема да исчезнеме, но ќе има помалку од нас. На почетокот на 20 век, Европјаните сочинуваа 20% од светската популација. На крајот на овој век ќе сочинуваме 4 отсто“, предупреди тој.

Европа, рече Јункер, ќе ја изгуби економската моќ и за неколку години ниту една европска земја нема да биде членка на Групата седум најразвиени земји, се вели во соопштението на веб-страницата на претседателот на ЕК.

Со оглед на овој неповратен развој, вели Јункер, се лаже оној кој мисли дека е дојдено време помалку да се зборува за европските, а повеќе за националните рамки.

„Европа значи мир. Европа исто така значи сила, со оглед на опаѓачкото влијание што го имаме во светот“, рече Јункер.

Тој се залага за прашањата за надворешната политика да бидат решени со квалификувано мнозинство во Советот.

„Си заминувам од функцијата – не тажен, но не ниту претерано среќен. Заминувам со чувство дека чесно се трудев. Би било подобро кога сите чесно би се труделе“, рече Јункер.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески