Јункер: Во Ирска ќе има гранични контроли во случај на Брегзит без договор

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека на ирската граница ќе бидат воспоставени гранични контроли доколку Британија излезе од ЕУ без договор.

Јункер за Скај њуз изјави дека ЕУ мора да „обезбеди зачувување на интересите на Европската унија и внатрешниот пазар“.

Тој напомена дека без граница после Брегзит, животните кои влегуваат во Северна Ирска потоа можат да влезат во ЕУ преку Ирска без никаква контрола.

Јункер рече дека тоа нема да се случи.

– Мораме да ги чуваме здравјето и безбедноста на нашите граѓани, рече тој.

Британија треба да излезе од ЕУ на 31 октомври.

Би можело да ве интересира

ЕУ лидерите го одобрија договорот за Брегзит

По 37 години британскиот парламент ќе има седница в сабота

Ирскиот премиер го поздрави новиот договор за Брегзит

Јункер – Џонсон: Дојде моментот за Брегзит

ВИДЕО: Инцидент меѓу активистите кои го блокираа железничкиот сообраќај во Лондон и патници

Договорот за Брегзит ја зголеми вредноста на фунтата