Јункер: Постои вистинска опасност од Брегзит без договор

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изјави дека ризикот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за излез се уште е „многу реален“.

Говорејќи пред Европскиот парламент, Јункер рече дека таквиот Брегзит „можеби е избор на Велика Британија, но никогаш нема да биде избор на ЕУ“.

Европскиот парламент денеска расправа за Брегзит и ќе усвои резолуција во која ќе ја изрази својата загриженост.

Главниот камен на сопнување во договорот за Брегзит е решението за ирската граница, таканаречениот „бекстоп“, според кој Велика Британија ќе мора да задржи некои трговски правила на ЕУ.

Јункер рече дека тој „не е сентиментално поврзан за бекстоп“, но оти е „врзан за целта на таа одредба“.

– Побарав од британскиот премиер да посочи алтернативни аранжмани кои ќе ги смисли, рече Јункер кој во понеделникот разговараше со премиерот Борис Џонсон.

Би можело да ве интересира

Схинас: ЕУ мора да има стабилна миграциска политика

Ана Ололовска

Џонсон во јуни во Брисел ќе ги продолжи преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

ЕК предлага 12,9 милијарди евра за проширувањето во наредните седум години

А1он

Еврокомисијата предлага 1.850 милијарди евра за опоравување на економијата

Ана Ололовска

Џентилони: Фондот за економско опоравување 750 милијарди евра

Ана Ололовска

Претседателката на Европската комисија ќе претстави план за економско опоравување

Ана Ололовска