Јункер: Нема конфликт на интереси

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска ги отфрли обвинувањата дека како премиер на Луксембург овозможил масовно затајување на данок од страна на мултинационалните компании.

– Јас не сум архитект на овој проблем, истакна Јункер во Брисел при првото појавување пред новинарите од кога беше откриена дека Луксембург со години им помагал на светските гиганти, како што се „Икеа“, „Амазон“ и „Пепси“ со фиктивни ќерки-фирми да избегнуваат плаќање на данок на профит.

Јункер истакна дека како долгогодишен премиер на Луксембург работел согласно законите и дека како претседател на ЕК ќе инсистира да се востанови единствена даночна политика во Европската унија и да се елиминира „даночниот рај“.

– Нема конфликт на интереси, а ЕК че го истражи кое било кршење на европските закони, наведе Јункер.

Претседателот на ЕК додаде дека не е негова вина што даночните системи во ЕУ се неусогласени, но оти ќе се обиде да ги доведе во ред.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ