Јункер му ја честита победата на романскиот претседател, Клаус Јоанис

Од:

Претседателот во заминување на Европската комисија, Жан Клод Јункер, официјално му ја честита победата на Клаус Јоанис, реизбран за претседател на Романија на вчерашните избори.

Јоанис однесе убедлива победа пред социјалдемократката, Виорица Данчила, со над 63 отсто од гласовите.

-За време на нашата заедничка работа во последните пет години ја ценев вашата постојана заложба кон европските вредности и просперитетна Романија во обединета Европска Унија, посебно ме радува што Романија ќе продолжи да го ужива вашето сигурно и одговорно лидерство, му напиша Јункер на Јоанис, за кого е ова втор мандат на чело на Романија.

Јоанис (60) е припадник на германското малцинство во Романија и важи за проевропски лидер и реформист кој го заштити владеењето на правото за време на мандатот на претходната социјалдемократска власт, обвинета за назадување во делот на борбата против корупцијата.

Европската Комисија во својот последен извештај констатираше сериозни недостатоци во независноста на судството и владеењето на правото во Романија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет