Јункер: Јужен тек не е завршена приказна

Од:

Гасоводот Јужен тек се уште може да продолжи и покрај тоа што Русија вели дека проектот за снабдување на гас за Европа, вреден 40 милијарди долари е укинат, изјави предмалку претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по неговата средба со новиот бугарски премиер Бојко Борисов, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Што се однесува до Јужниот тек, Европската унија и Бугарија работат заедно на решавање на отворените прашања и овие отворените прашања не се несовладливи, изјави Јункер пред новинарите по разговорите со Борисов.

Според наследникот на Жозе Мануел Барозо, Јужен тек може да биде изграден и условите биле јасни одамна, но дека во моментов – “Топката е во дворот на Русија”.

Посочувајќи дека Бугарија е дел од европското семејство, Јункер порача и дека европското семејство му дава поддршка на нашиот источен сосед во пронаоѓањето на решенија за актуелните геополитички предизвици. Тој рече дека Брисел е тука да им помогне на своите бугарски членови на семејството.

– Ние ќе се погрижиме фондовите на ЕУ повторно да бидат лансирани и да се користат со целосна солидарност со Бугарија, а земјата ќе стори сé за да ги искористите со цел да го стимулира економскиот раст, да креираат нови работни места и да го подобри животот на бугарскиот народ – истакна Јункер.

Претседателот на Еврокомисијата, додаде дека енергетски прашања се прашање од заеднички интерес за сите Европејци и им порача на Бугарите дека тие не се сами, а ЕУ не е само набљудувач, туку рамо до рамо со нив “во овие тешки времиња”.

– Сакаме енергијата да тече во Бугарија и во цела Европа, но нема да прифатиме никаква уцена за енергетските прашања. Бугарија не е мала земја и ја има цела Европа зад неа. Ќе работиме заедно на инвестицискиот план – додаде Јункер.

Што се однесува до Јужниот тек, претседателот на Комисијата уште еднаш посочи дека ЕУ и Бугарија работат заедно на решавање на истакнатите правни прашања, но дека иститие не се несовладливи.

– Ние треба да го направиме она што е најдобро за Бугарија и за Европа. Јужен тек може да биде изграден, условите се јасни долго време и нема ништо ново. Топката е во дворот на Русија. Ние сме подготвени и веќе се одвива подготвителната работа – заврши Жан-Клод Јункер.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ