Јункер ја критикува Германија за затворањето на границата кон Луксембург

Од:

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер ја критикуваше Германија за затворање на границата кон Луксембург во период на пандемија на коронавирус.

Јункер, во интервју за германскиот весник „Велт“, рече дека не е добро што Германија ги затвори границите кон земја како што е Луксембург, во која секој ден 200.000 Германци патуваат на работа.

Тој изрази несогласување со тоа што „земјите кои први го потпишаа Шенгенскиот договор пред 25 години, преку ноќ дојдоа на идејата дека затворањето на границата е доволно за да се соочат со големиот предизвик“.

Јункер истакна дека здравствената заштита, особено во однос на епидемијата, мора во иднина да биде во надлежност на ЕУ.

„Европската комисија, како и во другите области, мора да добие право на иницијатива во однос на здравствената заштита. Знам дека ова бара промена на договорот во ЕУ, но поради сегашното искуство тоа е неопходно“, рече Јункер.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени