Јункер: ЕК се бори со дезинформациите против вакцините

Од:

Европската комисија се бори со дезинформациите против вакцините, за што имаме помош и од онлајн платформите, изјави претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер на Светскиот самит посветен на придобивките од вакцинацијата.

Според него, напорите за ширење сомнежи преку Интернет за неопходноста од вакцини се вклопуваат во целокупното дејствување на Комисијата за спротивставување на дезинформациите.

Јункер рече дека во последните неколку години е зголемен бројот на заболени од заразни болести. Според него, тоа се должи на „глупавата недоверба“, но и на зголемувањето на цените на вакцините.

Во некои земји во светот луѓето немаат пристап до вакцини, а во Европа се откажуваат од вакцинирање и на тој начин предизвикуваат закана за себе и за околината.

– Неприфатливо е секоја година да умираат деца ширум светот поради недостиг на пристап до здравствена заштита, да страдаат од болести што долго време се искоренети. Сè уште не успеавме да спречиме ширење на заразни болести, додаде претседателот на ЕК.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески