Јункер бара исклучување на партијата на Орбан од ЕПП

Од:

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес би требала да ја напушти Европската народна партија (ЕПП), изјави синоќа претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, притоа споредувајќи го Орбан со лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен.

– Тие не гласаа за мене. Ниту екстремната десница. Се сеќавам Марин Ле Пен, рече: „Јас не гласам за вас”. Јас и реков: „Не го сакам вашиот глас”. Има некои гласови, кои не ги сакате, изјави Јункер.

Невообичаено остриот коментар, Јункер го даде во германскиот град Штутгарт, откако унгарската Влада започна кампања во чии рамки објави постер, со кој ги обвини првиот човек на Европската комисија и американски филантроп од унгарско потекло Џорџ Сорос дека сакаат Унгарија да ја преплават со мигранти.

– Против лагите не можете многу да направите, изјави Јункер, додадавајќи дека кандидатот на ЕПП за нов претседател на Еврокомисијата, Манфред Вебер, треба да се запраша „дали ми треба гласот“ на Орбан.

Се погласни се повиците Фидес да биде исклучена од Европската народна партија, која ги обединува демохристијанските и партиите на десниот центар.

Според анкетите на јавноот мислење, Фидес е убедиво најсилна партија во Унгарија, па се очекува на европските избори таа да освои најголем број од местата предвидени за унгарските претставници во Европарламентот. Нејзиното евентуално исклучување од ЕПП, ќе ја ослабе оваа група, која во моментов е најсилна во Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Орбан: Во Унгарија има повеќе работа отколку квалификувана работна сила

Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука

Орбан доби неочекуван сојузник, заедно се спротивставија на клучниот пакт на ЕУ

Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта поради снимката од поткупот на соработникот на Орбан

Орбан: Можно е за брзо време западните трупи да бидат во Украина

Орбан: Ние во Унгарија се обложивме на враќање на претседателот Трамп