„Јунајтед ерлајнс“ бара од патниците да потврдат дека се здрави

Од:

„Јунајтед ерлајнс“ стана првата голема американска авиокомпанија која бара од сите патници да извршат здравствена самопроценка за време на процесот на проверка (check-in) во тек на пандемијата на новиот коронавирус.

За да ја уверат јавноста дека е безбедно да летаат, авиокомпаниите ги зголемуваат процедурите за чистење и дезинфекција. Повеќето превозници бараат од вработените и патниците да носат маски и сега Јунајтед оди чекор понапред со барањето патниците да потврдат дека се здрави, јавија америскански медиуми.

Без разлика дали ќе се „чекираат“ преку интернет или лично на аеродромот, од патниците ќе се бара да ја прифатат контролната листа на Јунајтед „Подготвен за летање“ (Ready-to-fly) што вклучува потврда дека патникот:

– ќе носи маска за лице.

– не му бил дијагностициран Ковид-19 во изминатите 21 денови

– немал симптоми или бил во близок контакт со некој тестиран позитивно во изминатите 14 денови

– не бил одбиен од друга авиокомпанија поради медицински причини

Јунајтед соопшти дека клиентите кои не можат да ги потврдат тие барања и да изберат да не патуваат, ќе можат да ги презакажат летовите.

Компанијата не одговорила на барање на медиуми за повеќе детали за тоа што се случува ако патниците одбиваат да одговорат или одбијат да носат маска во авионот.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска