„Јулија“ остави илјадници чешки домаќинства без струја

Од:

Бурата „Јулија“ предизвика проблеми во сообраќајот и остави илјадници чешки домаќинства без електрична енергија.

Чешката компанија за електродистрибуција денеска информираше дека силниот ветер и паднатите дрвја оставиле 40.000 домови без електрична енергија.

Противпожарните служби одговориле на повеќе од 1.700 повици во целата земја.

Интервенциите најмногу се однесувале на пречки на патиштата кои требало да се отстранат.

Бурата предизвика доцнење или откажување и на голем број возови.

Бурата „Јулија“ доаѓа само две седмици во бурата „Кјара“, која предизвика голема материјална штета во Чешка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Дел од Хрватска под снежна бура: Вклучен црвен метео-аларм

А1он

Силен ветер во Сочи, едно лице загина, 12.000 луѓе без струја

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година