Јованович: САД усвоија неморална надворешна политика, а Трамп нема визија

Од:

Поранешната американска амбасадорка во Украина, Мари Јованович смета дека САД усвоиле „неморална“ надворешна политика која, како што наведе, довербата ја менува со закани, страв и конфузија.

Во своето прво обраќање до јавноста откако пред две недели ја напушти дипломатската служба Јованович оцени дека управувањето со надворешната политика на администрацијата на претседателот Трамп ризикува да ги отуѓи сојузниците и да ги турне во рацете на други партнери, кои ги смета за подоверливи, пренесе „Гардијан“.

„Ние мораме да бидеме принципиелни, конзистентни и достојни за довербата“, рече Јованович додека ја примаше наградата за дипломатија на Универзитетот Џорџтаун.

„Во некој момент, некогаш незамисливото ќе стане неминовно, па нашите сојузници, кои имаат исто толкаво право да делуваат во сопствен интерес како и ние, ќе побараат доверливи партнери, чии интереси можеби не се во согласност со нашите“, порача Јованович.

Таа, исто така,  предупреди дека државната администрација е „во проблеми“ , оценувајќи дека на нејзиното раководство му недостасува „политичка визија“ и „морална јавност“.

Во мај минатата година Трамп ја тргна Јованович од функцијата амбасадорка на САД во Украина, во времето кога тој и неговите сојузници, како што наведува „Гардијан“, вршеле притисок врз украинската Влада да отвори истрага за политичките противници на Трамп во Украина, односно за синот на Џо Бајден, еден од кандидатите на демократите за претседателските избори во ноември во САД.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп