Јохансон: Треба компромис за мигрантите за да се излезе од ќорсокакот

Од:

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ги повика земјите од ЕУ да постигнат компромис за распределбата на мигрантите, со надеж дека со тоа ќе се излезе од „неприфатливата“ блокада со предлог реформата што ќе ја претстави напролет.

Комесарката почна турнеја низ главните градови на членките на ЕУ во рамките на подготовките на новиот договор за миграција и азил, кој го вети претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Мојата цел е да ја смирам дебатата за миграцијата, рече таа во интервју во Загреб пред денешната неформална средба на министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Таа рече дека ова не е единствената област околу која земјите-членки имаат многу далечни позиции, но дека во други области тие барем ќе седнат на преговарачка маса и ќе преговараат за компромис и решенија што можат да ја подобрат ситуацијата.

– Претпоставувам дека ниту една земја-членка нема да каже „ура“ за договорот, тој е идеално решение, но неприфатливо е да бидеме во политичка блокада толку долго, рече Јохансон, поранешна министерка за труд на Шведска.

Повеќе од четири години од мигрантската криза која избувна во 2015 година, земјите членки на ЕУ не успеаја да се договорат за реформа на заедничкиот систем за азил, иако приливот на мигранти значително се намали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он