Јоханес Хан повторно ќе биде номиниран за комесарска функција во ЕК

Од:

На вонредна седница на австриската Влада, закажана за утре, Јоханес Хан повторно ќе биде именуван за австриски кандидат за некоја функција во идниот состав на Европската комисија.

Австриската канцеларка Бригите Брилајн минатата недела најави дека официјална Виена ќе го предложи Хан за нов еврокомесар од оваа земја.

Тоа ќе треба да биде трет мандат на Хан во ЕК, каде првично беше комесар за регионални прашања, а во актуелниот состав на комисијата е комесар за проширување и соседска политика.

Сите австриски парламентарни партии ја најавија поддршката за именувањето на Хан.

Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), која првично се воздржа, сепак, даде сосгласност откако тој се согласи целиот мандат да остане на местото комесар.

Австриските медиуми шпекулираат дека Хан може да го задржи ресосот за проширување и соседска политика.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена