Кандидатот на Ердоган го призна поразот на локалните избори во Истанбул

Кандидатот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Бинали Јилдирим, денеска го призна поразот на локалните избори во Истанбул откако беа објавени првите резултати од гласањето, кои му даваат голема предност на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу.

-Според резултатите, мојот противник Екрем Имамоглу води. Му честитам и му посакувам среќа. Се надевам дека добро ќе му служи на Истанбул, изјави Јилдирим.

Изборите за градоначалник се одржаа во Истанбул, откако беше поништен претходниот изборен резултат.

Гласањето во Истанбул е тест за популарноста на Ердоган, кој претходно изјави дека оној кој победил во Истанбул ја освоил цела Турција.

Би можело да ве интересира

Анадолија: Турските вооружени сили погодија терористичка база во северен Ирак

Ана Ололовска

Седум исчезнати по поројни дождови во Турција

Ана Ололовска

Во автобуска несреќа загинаа 17 мигранти во источна Турција

Русија и ги понуди на Турција своите ловци Су-35

Турски научници предупредуваат за опасност од земјотреси во Истанбул

Ана Ололовска

Столтенберг: Ниту една земја членка на НАТО не побарала исклучување на Турција поради С-400

Ана Ололовска