Јазовци и зајаци од пазарот во Вухан може да го прошириле коронавирусот, велат експертите на СЗО

Од:

Експертите од Светската здравствена организација сметаат дека коронавирусот е можно да се проширил на луѓето преку јазовци и зајаци, и самите заразени со коронавирус, а биле продавани на пазарот во Вухан.

„Волстрит џурнал“ пишува дека членовите на експертската група на СЗО сметаат дека е потребна натамошна истрага за да се идентификуваат пренесувачите на овие и другите видови. Се уште не е јасен целосниот список на животни кои биле легално или нелегално продавани на пазарот.

Експертите на СЗО, исто така, ја повикаа Кина да спроведе големи тестирања на животните на фармите за нутрии, вид големи глодачи чие месо во земјата се користи за исхрана.

Членовите на тимот научници допрва треба да ги утврдат сите видови животни, живи или заклани, кои се продавале на пазарот во кинескиот град. Отворениот пазар, кој се врзува со првото избувнување и првиот кластер на случаи на ковид-19 во декември 2019 годинана и на кој се продавало месо без почитување на минималните санитарни услови, уште лани беше затворен.

Националната здравствена комисија на Кина и Министерството за надворешни работи на земјата одбиле да ги коментираат последните наоди на СЗО.

Екипата научници на СЗО работи на утврдување на повеќе хипотези, а тие и натаму не се сигурни дали вирусот најпрво прешол од животно на човек на пазарот, или тој циркулирал и претходно, на други места.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО