ЈАР: Истрага поради сомнителна добитна комбинација на лото

Од:

Последното лото извлекување во Јужноафриканската Република предизвика многу контроверзии, имајќи предвид дека многумина се сомневаат на измама.

Најголема причина за таквите сомнежи се извлечените броеви: 5, 6, 7, 8, 9, 10.

Организаторите на националната лотарија соопштија дека дури 20 лица ја погодиле точната комбинација, а секој од среќните добитници освоил по 306.898 евра.

– Оваа комбинација на броеви е во секој случај неочекувана, но гледаме дека голем број луѓе се одлучиле токму за неа, напишале организаторите на Твитер.

Социјалните мрежи, веднш по извлекувањето на броевите, биле преплавени со објави, во кои луѓето тврдат дека станува збор за измама.

Комисија на јужноафриканската лотарија најави истрага, бидејќи досега не е запаметен ваков случај во историјата.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска