Јапонскиот премиер стравува од духови

Од:

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и неговата сопруга го одложија вселувањето во официјалната резиденција, бидејќи во јавноста кружат гласини дека во неа има духови, за што расправаше и парламентот на Јапонија.

Откако премиерот го одложи вселувањето во резиденцијата, во која во минатото се случија неколку убистава, повторно во медиумите е поттикната приказна за духови кои шетаат во нејзините ходници.

Гласините за резиденција која е под опсада на духови попримија такви размери поради што јапонските власти беа приморани јавно да го демантираат присуството на духовите во вилата, во која традиционално претстојуваат сите јапонски шефови на владите.

Иако поминаа пет месеци од изборот Абе се уште не се всели во вилата.

Како што пренесуваат јапонските медиуми, за духовите е водена расправа дури и во парламентот и тоа на барање на пратениците на Демократската партија.

Според легенда во резиденцијата која што датира од 1929 година, шета духот на некогашниот јапонски премиер Цујоши Инукаи кој е убиен 1932 година во текот на воен бунт.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија