Јапонскиот премиер Шинзо Абе пристигна во посета на Куба. Ова е прва посета на јапонски лидер во оваа земја, јави БТА.
Абе ќе одржи средба со кубанскиот лидер Раул Кастро. Двајцата ќе разговараат за трговијата, инвестициите, соработката, размената на туристи, но и за теми како севернокорејската нуклеарна програма.
Јапонскиот премиер пристигна во Куба од Њујорк, каде беше на годишната сесија на Генералното собрание на ОН.
Јапонија има долга трговска историја со Куба. Таа извезува за Куба машини, а увезува морска храна, тутун и кафе.