Јапонскиот премиер ќе го посети Перл Харбор – нема извинување за нападот од 1941 година

Од:

Премиерот Шинѕо Абе ќе биде првиот јапонски лидер кој овој месец ќе го посети Перл Харбор, каде ќе им оддаде почит на жртвите од јапонскиот напад врз пристаништето пред 75 години, но нема да се извини за нападот, изјави денеска главниот секретар на јапонската Влада, Јошихида Суга.

– Цел на посетата е оддавање почит на загинатите во војната, а не извинување, рече Суга на брифинг за новинарите во Токио, пренесоа француските медиуми.

Тој додаде дека посетата ќе биде можност на идните генерации да им се покаже решеноста на Јапонија да не се повторат „ужасите и страдањата од војната“, како и можност да се прикаже помирувањето меѓу Јапонија и САД.

Американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, кој престојува во Јапонија во рамки на својата турнеја низ Азија, на новинарите им кажа дека  сојузништвото меѓу САД и Јапонија „никогаш не било посилно отколку денес“.

Абе во понеделникот најави дека на 26 и 27  декември ќе ги посети Хаваи, каде ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама и како прв јапонски лидер ќе им оддаде почит на жртвите од јапонскиот напад врз Перл Харбор пред 75 години.

– Заедно со Обама ќе го посетам Перл Харбор, рече Абе.

Посетата на Абе следи по првата официјална посета на еден американски претседателот на Хирошима, градот врз кој во 1945 година САД фрлија атомска бомба.

Јапонија ги нападна американските сили во Перл Харбор во декември 1941 година кога загинаа повеќе од 2.400 американски војници и цивили.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот